Помогнете си себе си за да им помогнете на другите

Стресот е дел од секојдневниот живот на човекот, особено ако доаѓате од Македонија. Интензитетот е секогаш различен, а катализатор може да биде обичен разговор, или некој настан кој случил. Кои и да се причините, секој треба да знае за штетноста на стресот по нашето здравје, но и за тоа дека е тотално непотребен и дека можеме да го контролираме.fb_img_1539078246823

Гледано од физички аспект, стресот во нашето тело се формира како резултат на околности кои се опасни по нашиот живот. Кога ќе се најдеме во таква или мислиме дека сме се нашле во таква ситуација, нашиот нервен систем одговара така што ги испушта во телото стрес-хормоните како што се, адреналин и кортизол. Ова е начин на кој нашето тело се обидува да не заштити.
Постојат техники како да се заштитиме или да го намалиме стресот, ова се дел од нив.

Фокусирајте се на вашето дишење
Вашите мисли се директно поврзани со вашето дишење. Ако чувствувате дека ве стегаат градите, ве мачат тешки мисли, или се чувствувате возбудено, шансите се дека највероватно дишете премногу брзо или плитко. Пробајте да се смирите, земете 5 секунди воздух, држете го во себе 5 секунди, па издишувајте 5 секунди.

Пробајте да се смирите
Смирувањето на вашиот мозок и тело ја регенерира вашата енергија, и ви дозволува да дејствувате трезвено и умерено. Пробајте да ја отворите вашата уста, свиткајте го јазикот така што нежно ќе ви ги допира усните, дишете на нос, издишувајте на уста. Пробајте со оваа техника 2 до 3 минути.

Отидете во природа
Една прошетка во природа има моментален смирувачки ефект. Дали ќе одлучите да седите на плажа и да ги слушате брановите, или да се прошетате низ густа и зелена шума, или пак да планинарите, секоја од овие дестинации за кратко време ќе ви помогне да го вратите душевниот мир.fb_img_1539071163407

Истуширајте се со ладна вода
Хидротерапијата е скапоцена и софистицирана наука, која има многубројни придобивки за вашето тело и ум. Покрај намалувањето на стрес, ладната вода ги отвора капиларите кои кога ќе се вратат во нормала ја враќаат крвта во вашите органи. Ова предизвикува забрзана работа на вашето срце, бубрези и црн дроб. Овој процес го зајакнува вашиот имунолошки систем, и ја одржува здрава вашата крвна слика.

Пуштете си релаксирачка музика
Се е создадено од енергија, вклучувајќи го нашето тело и музиката. Музиката има моќ да ја трансформи ра вашата енергија, така што или ќе ви го подигне расположението, или ќе го спушти. Затоа изберете музика која според енергијата, текстот и ритамот чувствувате дека го подига вашето расположение. Позитивната музика исто така, позитивно влијае и на вашето расположение.

Извѝааор: hybread

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: