Aко не знаеш што чувствуваш затвори ги очите..

 

Најчесто се жалат на нагли промени на крвниот притисок, главоболка, но и ревматски заболувања кај кои временските промени директно влијаат на влошување на состојбата.fb_img_1539021440016
Променливото време делува на луѓето, на нивното психофизичко здравје. Ние сме постојано во интеракција со околината, делуваме на неа а и таа на нас. Докажано е дека со намалување на сончевите денови се намалува и лачењето на сератонин –хормон на доброто расположение што доведува до намалување на расположението, а кај луѓе кои се особено склони на промени во расположението се јавуваат симптоми на депресија.
Временските промени водат до засилување на тешкотиите кај ревматичните болести, разни дегенеративни промени на апаратот за движење, влошување на хроничниоте болести што пак доведува повторно до промена во расположението и намалување на доброто чувство.
Грижата за здравјето велат започнува со добар сон. Пред да се појават првите симптоми на непријатно чувство, нервоза, главоболка или телесна омалаксаност треба на организмот да му се понуди здрава и правилна исхрана и добар сон. Телото кое е физички одморено, збогаатено со свежа исхрана, сокови и вода во доволна мера, позитивните резултати се видливи.
Животните проблеми, без разлика дали се здравствени, семејни, љубовни или професионални пред да се натрупааат треба постепено да се решаваат. Оптималното ниво на физичка активност по ваш избор, која се движи од активно спортување, танцување, фитнес, пешачење, возење велосипед, дополнително ќе му ја олесни на организмот борбата со депресијата и променливото расположение.fb_img_1539071426441
Раздразливоста е болест на модерното време а не одлика на некоја нација. Несигурноста, стравот, неизвесноста и сиромаштијата само ја поттикнуваат да се развие во размери на честа нервоза. Кога оваа состојба на нервоза и непријатност трае континуирано некое време, кога најчесто личноста сака да побегне сама од себе, а потоа и од другите, намаленото расположение или анксиозност трае континуирано повеќе од 3-4 недели, тогаш веднаш би требало да се побара стручна помош од психолог- психотерапевт.
Лошото расположение и депресијата директно влијаат на работоспособноста и функционалноста во секојдневното живеење и затоа стручната подршка ќе помогне полесно да ги согледа причинита за намаленото расположение.  Понекогаш е потребна и комбинирана терапија за која денес се вели дека е еден од најуспешните начини за борба против депресијата и анксиозноста.
Ова е комбинација од психотерапија и медикаментозна терапија.
Не дозволувајте да живеете затворени во ѕидовите на депресијата –побарајте помош.
Статистиките покажуваат дека речиси 65% од популацијата се жали на различни тегоби поврзани со промената на временските услови во кои живеат (нагла промена на температурата, влажност на воздухот, варијации на атмосферскиот притисок, ветер ), кои се одразуваат на здравјето и расположението.
Во догледно време чувствителноста и реакциите на нашиот организам, ќе станат болест на современиот човек.
Појавата на се поголем број метеопати му се припишува на современиот начин на живот денес, кој се’ повеќе се одвива во затворени простории, климатизирани, каде што е намалена способноста за природно адаптирање на организмот кон различните временски услови, без спорт и внесување на храна полна со маснотии и шеќери, малку витамини и минерали.
 Кога е топло ве боли глава, а кога врне дожд ви е лошо!
Доволно е да ја следите временската прогноза, па да знаете како ќе се чувствувате наредниот ден. Мачнина, главоболка, напнатост,  раздразливост-сето тоа укажува дека сте метеопат (зависник од временските нагли промени). fb_img_1538909528831
Типични показатели за чувствителноста на временските промени се главоболка, мигрена, несоница, пореметено спиење, мачнина, слабост, променливо расположение, пореметување во работата на срцето, болки во коските и зглобовите, болки во старите зараснати рани. Последици од влијанието на времето чувствуваат и лица со некои хронични болести, чии симптоми под дејство на временските промени се усложнуваат (од малите деца до возрасните луѓе), и затоа обично 24- 48часа пред временските промени, овие луѓе ги чувствуваат промените во симптоматологијата на болеста.
Најчесто тоа се депресивни состојби, главоболка, вртоглавица, слабост, покачен крвен притисок, болки во мускулите и зглобовите и тн., влошена состојба на болните органи.
Секогаш кога времето или поточно температурата се менува, во атмосферата се создаваат електромагнетски импулси кои влијаат на човечкиот организам.
Особено наглите промени на температурата, притисокот и влажноста- го оптоваруваат истиот.
Покрај времето, врз нашиот организам влијаат и магнетните бури- кои доаѓаат од сонцето.
Превенцијата се сложуваат и лекарите и психотерапевтите е клучна во надминување на негативното расположение, анксиозноста и депресијата. Модерни болести кои не бираат возраст, ниту пол, ако навреме не се стават под контрола ќе го уништат и паричникот и хармонијата во домот и надвор од него. ”Можам, знам и сакам” според нив, се златното правило во надминувањето на проблемите, независно дали истите се предизвикани од променливото време или од стресното секојдневие.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: