Кога немаш што да изгубиш, тогаш си слободен

Кога се раѓаме- ние сме слободни. Не ни треба никој и ништо, за да бидеме среќни- на детето му е добро само со себе.
Но, почнува детството, најзначајниот период за човекот, а сите настани кои се случуваат во тој период, оставаат посебен печат, на целиот наш живот.
Детето е мало и едноставно му е потребна заштита и подршка, затоа и потполно му верува на своите родители.
Тоа е толку мало, а тие се толку големи.
Ако родителите се расправаат или викаат, детето, не знае дали  родителите не се во право или се лутат, бидејќи не се во состојба да се носат со проблемите, кои им ги наметнал животот.
Тогаш му станува јасно, дека родителите не се совршени- тоа за него значи дека е во голема опасност.
Затоа детето заклучува, дека се’ што се случува со родителите, тоа е виновникот.
Ако викаат и се расправаат- значи тоа е лошо и не заслужува љубов.
Но, возрасните не се совршени, често грешат и кажуваат погрешни работи, а сите зборови кои ќе ги изговорат родителите, без оглед дали се свесни или не, засекогаш длабоко ќе се врежат во душа на детето.
Како резултат на тоа, по некое време, детето ќе престане да верува во себе, а внатрешната слобода и среќа ќе ја изгуби.
И цел живот, ќе стане една голема желба, да се потврди, дека е добро и дека нешто вреди. Стануваат зависни, од пофалби и одобрувања на другите луѓе, од љубовта на другите луѓе, од пари и богатство.
Губењето на внатрешната љубов кон себе, доведува до тоа, да почнеме да бараме љубов во телото на друг човек. А кога ќе го пронајдеме, се плашиме да не го изгубиме, бидејќи ни се чини, дека ако тој човек си оди, нашиот живот засекогаш ќе остане без љубов, внимание, нежност и уште многу други работи.
И го одржуваме тој однос, без оглед на тоа, што не примаме од него, ни љубов, ни внимание.
Стравот го прави човекот тежок, не интересен, го лишува од флексибилност, го прави неспособен за брзи промени.
Стравот и врзувањето го уништуваат човекот, го лишуваат од менталната и физичката сила.
Често, кога ќе доживееме среќа, посакуваме да ја доживееме повторно и повторно, а тоа е почеток и крај.
Ако станеме врзани за човек, ако односот со некој, стане за нас симбол на среќа- ја губиме својата леснотија и слобода.
Заедно со тоа, почнуваме да се насочуваме кон слободата на другиот човек, бидејќи ни се потребни гаранции, дека секогаш ќе бидат тука, дека никогаш нема да не’ напуштат.
Во спротивно, со него ќе си оди и среќата- ние веруваме во тоа, искрено го мислиме и чувствуваме. Подготвени сме да направиме се’, само тој да биде тука.
Но, никој не сака да се откаже од својата слобода, никој не сака да биде во затвор. Дури и затворот е направен, поради постојаната грижа.

Врзување- тоа е желба на човекот да биде среќен со друг. Како резултат на тоа, чувството на инфериорност и незаситна желба, да бидеме среќни не’ претвораат во тотални егоисти.
И ние постојано бараме да се врземе за друг, постојано зборуваме: Јас, јас, јас. А тоа е знак на зависност, тоа е знак на врзување.
А човек, кој сам на себе е доволен, му овозможува на другиот покрај себе, да биде таков каков што е.
Како да се стане слободен?
Треба да се прифати, не на ниво на зборови, туку на ниво на чувства, дека можеби го живееме својот последен ден.
Но, тоа не е причина за меланхолија, тоа е прилика да се свртиме на својот живот максимално трезвено!
Што и да сакаш, за се’ за што е врзано твоето срце, се’ тоа, ќе остане зад прагот на смртта.
Ништо не можеш да однесеш со себе, ништо нема да трае вечно.
Затоа, се’ што имаш- тоа е можност да уживаш во прекрасното патување наречено Живот.
Само уживај во се’, што те опкружува, уживај во сите луѓе кои се согласија да учествиваат во твоето патување и биди благодарен, на Светот за тоа, што ти ја дал таа среќа.
Треба да се живее секој момент освестен за тоа, дека можеби ова е последен момент во твојот живот, можеби никогаш нема да ги видиш оние, кои сега се покрај тебе, одлуките кои ги носиш, можеби се последни во твојот живот.
Тоа е прилика да се замислиш, што навистина сакаш да направиш, кои се твоите вистински желби.
by: Лана Јеркандер

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: