Сите свои грижи дајте ги на Бог, тој се грижи за вас

Уништи во мене тоа што треба да биде уништено. Зацврсти она што треба да биде цврсто. Користи ме. Создавај со мене, сликај ја со мене, секоја капка на платното на животот.

Помогни ми, да живеам исполнет единствен живот, да одам низ шумата, по никогаш не изгазен пат. Покажи ми, како се сака подлабоко, отколку што некогаш мислев дека е можно. Држи го пред мене тоа, од кое порано се откажав.

Ако моето срце, ти се чини затворено, покажи ми како да го отворам без насилство. Ако за нешто се врзам, помогни ми тоа да го отпуштам. Дај ми проблеми, борба и наизглед непремостиви препреки, ако ми носат уште подлабоко смирување и доверба, во интелегенцијата на животот.

Помогни ми да и’ се смеам на својата сериозност. Дозволи ми да најдам хумор во темнината. Покажи ми длабоко чувство на мир во центарот на олујата. Немој да ја криеш вистината од мене. Никогаш. Благодарноста нека биде мој водич. Простувањето да биде моја мантра. Овој момент постојано да ме следи.

Дозволи ми да го почувствувам твоето топло присуство во сопствено присуство. Подржи ме кога ќе се стоплам. Диши со мене, кога не можам да дишам. Дај ми да умрам жив, а не да живеам мртов.

извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: