Претераната грижа остава последици на менталното и физичкото здравје. Може да предизвика стрес, депресија, умор и лоша здравствена состојба.
Дали сте знаеле дека претерана грижа може да го зголеми бројот на отчукување на срцето, да го отежне дишењето и да предизвика бледило на лицето?
Крвта се повлекува од површината и оди во мускулите, за да се подготви за нова грижа- тензијата која може да предизвика болки, главоболки и слабост во нозете а се јавува и дијареа или затвор.
Кога грижата ќе стане хронична, човекот станува подложен на инфекции. Големото ниво на анксиозност и стрес го слабее имунолошкиот систем, што води до други сериозни проблеми.
Сепак, постојат добри вести- мозокот може да се истренира да престане да се грижи!
За да ја спасите својата психа, ќе ви помогнеме со неколку работи:
– Запишувајте ги своите грижи. Најдобриот начин да проверите кои грижи ве малтретираат е да ги запишете на лист од хартија. Тоа ќе ви помогне да ги отфрлите сомнежите или да сфатите дека имате конкретен проблем и дека можете да најдете решение.
– Медитирајте. Познати се предностите од медитацијата, најдобриот начин да го залечите и телото и духот. Медитацијата ја поправа менталната стабилност. Кога се чувствувате напнато, одвојте неколку минути за себе и медитирајте. Само две минути е доволно да ги исчистите мислите.
-Вежбајте. Уште еден начин да го натерате мозокот да престане да се грижи бидејќи стресот го отфрлате со вежбањето. Може да биди тешко на почеток, но редовното вежбање ќе ви помогне да ја вратите контролата над својот живот. Ќе се решите од стресот и ќе го зајакнете психичното и физичкото здравје.
извор: Курир
Leave a Reply