Еднаш по патот си одел еден мудар старец, ja набљудувал природата и се воодушевувал на убавите, јаки бои на пролетта.
Тогаш видел еден маж кој носел огромен терет на грбот. Се познавало дека од толкава тежина колената му се тресат.
– Зошто се осудуваш себе си со таква напорна работа и страдање?- прашал старецот.
– Се мачам за да можат моите внуци да бидат среќни- рекол бедниот човек
– Мојот прадедо се осудил себе си на тешка работа поради мојот дедо, дедото- поради мојот татко, тој- поради мене а јас се мачам поради среќата на моите деца. – А дали некој во вашето семејство бил среќен?- се заинтересирал мудриот соговорник.
– Уште не, но децата и внуците сигурно ќе бидат среќни!- во занес рекол човекот. – -За жал, неписмениот не може да учи и да чита а кртот никогаш нема да може да учи од орелот!- воздивна стариот мудрец.
– Прво, треба да научуш да бидеш среќен, а кога тоа ќе го постигнеш, тогаш ќе можеш децата да ги научиш на среќа.
Тоа ќе им биде највредниот подарок за нив.
извор: Бебамур
Leave a Reply