На крајот, се’ зависи од вас…

Вие во вас го носите семето на својата несреќа или блаженство, пеколот и рајот. Што и да ви се случува, тоа се случува поради вас. Надворешните причини се секундарни, внатрешните причини се примарни.

И додека тоа не го разберете, внатрешната трансформација е невозможна. Ако причината е надворешна, тогаш ќе се случи ропство, бидејќи не можете да ги смените надворешните причини. А ако направите, барем една внатрешна промена, по неа ќе следат милиони. Причините се внатре, надворешни се само изговорите.

Можете да го смените цело надворешно опкружување, но ништо нема да се смени, ако внатрешниот свет остане ист. Внатрешниот ‘куќен ред’ ќе го создава истиот модел на гледање на светот, повторно и повторно, бидејќи човекот живее одвнатре кон надвор.

Вие секогаш го носите во себе својот пекол и рај.

Како што пајкот во себе ја носи својата мрежа. Каде и да оди, пајакот, веднаш околу себе ја шири својата мрежа. А кога сака да оди понатаму, ја собира својата мрежата во себе. Од каде и да доаѓате, вие веднаш околу себе создавате образец. Разберате, се’ зависи од вас.

Разберете, бидејќи од од вас зависи вашата трансформација. Ако во вас е пеколот, кај и да одите, вие секогаш околу себе создавате пекол. Пеколот или рајот- не се географски поими, тие не постојат во надворешниот свет..

Ошо

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: