Сакам да ме видиш мене а не себе во мене

Сакам да ме сослушаш без осуда. Сакам твое мислење а не твој совет. Сакам да ми веруваш без никакви очекувања. Сакам да ми помогнеш а не да одлучуваш наместо мене.

Сакам да се грижиш за мене а не да ме гушиш. Сакам да ме видиш мене а не себе во мене. Сакам да ме гушнеш а не да ме удавиш.

Сакам да ме охрабруваш а не да ме оптеретуваш. Сакам да ме подржуваш но без сомнеж. Сакам да ме заштитиш без лаги. Сакам да ми се приближиш без наметнување.

Сакам да знаеш се’ што не сакаш за мене а сепак тоа да го прифатиш без желба да ме менуваш. Сакам да знаеш дека секој ден можеш да сметаш на мене… Безусловно

Jorge Bucai

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: