Зошто емоциите ги криеме?


Кога ќе се најдеме во ситуација да кажеме ‘не ми е ништо’  а во моментот одредена ситуација на било кој начин не’ погодила,  најчесто ги потиснуваме своите вистински чувства и му даваме на некој друг прeдност во однос на себе.
Со други зборови, се негираме себе си и своите потреби.
Каде оди енергијата на тоа чувство кое го потиснавме?
Сигурно не во ветар, што значи, останува во нашето тело.
Заробена и во грч.
То е првата причина зошто се чувствуваме блокирани.
Што повеќе има такви ситуации, протокот на животната енергија е се’ послаба.

Луѓето сакаат да веруваат дека со контрола на своите мисли ќе завладеат со своите емоции, што е потполно погрешно, бидејќи емоцијата е телесна сензација а не мисла.
Секако, може да се создаде како последица на одреден тек на мисли, но не е можно да се ослободат одредени емоции со силата на мислите токму од причина што таа не живее во главата, туку се манифестира низ телото и единствено низ телото може да се пушти да се приземји.

Тоа значи, емоцијата треба да се манифестира веднаш, да се препознае и прифати како дел од нашиот систем, што во суштина и е, а не како некое страно тело, кое не го сакаме и го отфрлуваме.

Бидејќи, таа е дел од моментот што се случил, а ја потиснуваме емоцијата, за да му се даде важност на некој друг, а не на себе.
Кога живееме само од главата, значи дека не сме во допир со своите емоции и само мислиме дека чувствуваме.

Луѓето создаваат цели концепти на идеален живот, кој всушност доаѓа од умот а нема врска со стварноста.
Го организираат животот за да можат да функционираат во тој балон од сапуница и ништо не може да ги допре. Речиси совршено.
Можеби ќе се запрашате, па во што е тогаш проблемот?
Проблемот е во тоа што во тој случај стварноста се перципира само од еден агол; од нашите желби и потреби и се’ е прилагодено на таа идеална слика а не на стварноста.

Остануваме потиснати во оквирите кои ни се познати и се затвораме за било што, надвор од оквирот.
Стварноста бара интеракција со сите наши чувства а не само со позитивните, всушност оние кои ни носат убави работи. Тоа е често болно и луѓето ќе направат се’ за да ја избегнат болката.
Но, во избегнување на болката, водени со таа несвесна одлука, ние всушност стагнираме.
Кога ќе се отвориме кон предизвикот да бидеме вистинските ние, а не нужно љубезни, балонот пука.
Факт е дека стануваме ранливи но целосни.
Храбри во залагањето за себе и по храбри, во донесувањето на одлуки кои за нас се правилни.
Без многу мозгање.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading