Животот е едно прекрасно патување

Животот е едно прекрасно патување.

Доживеј го така, таму каде што треба да бидеш, по кои патеки ќе чекориш, ќе видиш, почувстуваш, ти ќе бидеш.

Не размислувај како другите.

Ти како и секој друг имаш свој пат, искушенија, чувства и се’ она што треба и каде треба да поминеш, ќе го доживееш во овој живот. Понекогаш тоа се патеки послани со трња, а понекогаш среќата ќе чукне на твојата врата.

Како и денот кој проаѓа, така месецот го сменува сонцето. Ништо не трае вечно, ни добро ни лошо.

Твои правила, твој пат и твој живот. На твојот пат ќе сретнеш и запознаеш многу луѓе добри и оние несвесни и незадоволни кои ќе љубоморат на твојата среќа.

Ама твојата среќа и твојот пат зависат само од тебе и од твоите одлуки и избори. Бирај паметно, бирај свесно, потпри се на своето чувство и како што срцето ќе ти рече… и тогаш сигурно сите одлуки ќе бидат во согласност со другите луѓе и во согласност со твојот живот.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: