Еднаш еден човек тргнал на пат. Стигнал во некоја далечна земја, купил туристичка карта, за постета на замоците кои се наоѓале на островот.
Во неа биле наведени деновите и времето на посета, понекогаш многу ограничени.
На една од страниците човекот видел специјална понуда:’ Патување на твојот живот’.
На фотографиите бил насликан преубав замок и човекот посакал да престојува во него…
На фотографиите бил насликан преубав замок и човекот посакал да престојува во него…
Во проспектот пишувало дека ‘Поради причината која подоцна ќе ви биде позната, за оваа екскурзија не се зема аванс, но треба однапред да закажете ден и час на посета’.
Заинтересиран за оваа необична понуда, човекот истата вечер се јавил и закажал посета.
На вратата го пречекал љубезниот чувар.
– ‘Дали пристигнаа и другите посетители?’- прашал човекот
– ‘Други? Посетата на овој замок е индивидуална и услугите за водич не ги нудиме’.
Кратко го запозна посетителот со историјата на замокот и ги спомна сите значајни знаменитости: слики на ѕидовите, оклопите на меѓуспратот, военото оружје во просторијата под скалите, катакомбите и собата за мачење во подземната зандана.
Кога заврши со зборувањето, му даде на посетителот лажица и го замоли да ја држи од вдлабнатата страна нагоре.
– ‘Поради што?’- се заинтересира.
– ‘Ние не наплаќаме влез.Трошоците за патувањето ги оценуваме на следниот начин:
На секој посетител му даваме лажица до врв полна со ситен песок, во неа собира 100 гр и му предлагаме самостојно да шета низ замокот.
Откога ќе се врати го мериме песокот што ќе остане и за секој грам истурен песок наплаќаме по 10 фунти.’
– ‘А ако не истурам ни грам?’
– ‘Во тој случај вашата посета е бесплатна’.

Посетителот се изненади но и се заинтересира.
Гостопримливиот домаќин ја наполнил лажицата со песок и човекот го започнал своето патување. Ја проверил стабилноста на својата рака, пополека се качил по скалите, не тргајќи го погледот од лажицата.
На врвот, покрај собата со оклопи на меѓуспратот, одлучи да не влегува, бидејќи ветерот може да му го дувне песокот и веднаш реши да слези долу.
Поминувајќи покрај салата со воено оружје, која се наоѓаше под скалите, сфати дека ако сака да го види мора да се наведне преку оградата. Тоа не би било опасно, но содржината на лажицата веројатно ќе се истури, затоа се задржал на разгледување на салата од далеку.
Од истата причина не ја видел ни подземната зандана, бидејќи ќе мора да се спушти под стрмните скали.
Многу задоволен, се вратил на почетната точка на патувањето, каде го чекал чуварот со вага во раката.
– ‘Изненадувачки, сте истуриле само половина грам’- рекол чуварот
– ‘Ви честитам, оваа посета за вас беше бесплатна’.
– ‘Благодарам’
– ‘Дали сте задоволни од посетата’- го прашал на крајот.
Туристот, по мало размислување, одлучил да биде искрен.
-‘Морам да признам, малку’.
-‘Постојано размислував за песокот и не гледав наоколу’.
– ‘Каква штета! Знаете за вас ќе направам исклучок. Ќе ви ја наполнам лажицата повторно, сега со друго правило, заборавете на песокта.
По 12 мин доаѓа друг посетител. Морате да се вратите пред него’.
Не губејќи време, човекот ја зел лажицата и со трчаење се спуштил во подземната зандана, истурајќи од песокот по скалите.
Таму не се задржал ни минута, бидејќи времето течело. Летал како на крила, преку скалите, каде, наведнувајќи се, го истурил и остатокот од песокот од лажицата.
Погледнал на часовникот, сфатил дека поминале веќе единаесет минути.
Погледнал на часовникот, сфатил дека поминале веќе единаесет минути.
Времето да се види оружјето не останало и повторно со трчање стигнал до излезот, каде ја оставил празната лажица.
– ‘Па, без песок, но не се грижете, веќе се договоривме. Како беше овој пат?Дали ви се допадна посетата?’
Посетителот не знаеше веднаш што да каже.
– ‘Па, без песок, но не се грижете, веќе се договоривме. Како беше овој пат?Дали ви се допадна посетата?’
Посетителот не знаеше веднаш што да каже.
– ‘Всушност, не- одговори на крајот. Размислувајќи за тоа да не задоцнам, го истурив цел песок, но немав никакво задоволство’.
Домарот ја запали својата лула и рече:
– ‘Постојат луѓе кои одат низ животот обидувајќи се да не платат ништо и не можат да уживаат на тоа патување. Има и други кои се брзаат и брзо губат се’- и тие не уживаат.
Малку луѓе ги разбираат животните лекции. Тие ги набљудуваат работите од секој агол и уживаат во секој момент.
Тие знаат дека мораат да платат се’, но не разбираат дека животот е вреден за тоа.
Извор: http://ihappymama.ru
Leave a Reply