Најголем предизвик е да бидеш свој, во ова време – невреме

 

Многумина веќе добро знаат, дека треба да се има позитивен став и добра мисла. Најчесто човекот треба да се потсетува за тоа себе си, но таквите сугестии, често резултираат со внатрешен отпор, па многу од нас со сила, сервираат некои убави мисли, а всушност, во тој момент се нападнати од лошите.

Во тој случај, човекот само ја потенцира внатрешната борба помеѓу негативниот став и она наметнатото -позитивното. Тогаш се чувствуваме, како да сме во некоја магла, теснец, всушност во некоја борба и најчесто се јавува умор, кај некои и резигнација.

Како тие лоши и непријатни мисли  да ги пуштиме или отпуштиме, всушност, како сами си ги комплицираме и животот и мислите и чувствата?

Работите очигледно треба да течат природно и спонтано. Не е човекот робот, кој со тек на време може да се програмира да биде позитивен. Од друга страна, сето тоа треба да се поедноставни и да се види што е всушност важно, а што не.

Уште повеќе, треба да осознаеме зошто е потребно да имаме позитивен став и позитивни мисли?

Кога ќе дојдеме до вистинските одговори, создаваме темел во себе, врз кој, лесно и цврсто може да ‘седне’ секоја наша внатрешна сугестија за добро и убаво. 20190627_215343[1]

Тогаш работите почнуваат да течат природно, понекогаш и многу лесно. Насмевката се враќа на лицето и секогаш пред нас, сe отвора се’.

Па зошто е всушност важно да се има позитивен став и такви мисли? Ако уште не сте откриле, одговорот е многу едноставен: Мислите ги произведуваат чувствата. Тие влијаат на нив. Надворешните околности понекогаш во животот, не ни одат од рака. Тоа е она што се вика објективно. Но, за човекот, внатрешното доживување на работите, е всушност единствено важно. Тоа е она што многу од луѓето го викаат субјективно.

Нашите мисли, поточно нашата моментална мисла, е единствена работа на светот над која имаме контрола. Се’ друго може и не мора, на се’ друго можеме, но не мора да влијаеме. И истата таа мисла, ќе направи да се чувствуваме добро или лошо.

Па, кога веќе е така, превземете ја контролата над својот момент и живејте среќно и исполнето. Секако во сегашноста. Кога ќе тргнете така, чекор по чекор, мисла по мисла, во вас постепено ќе се гради се’ поубаво и подобро внатрешно чувство, кое сигурно ќе ве охрабри и мотивира, се’ повеќе и повеќе да мислите во позитивен правец за вас.

Тогаш се случува и феномен, кога вие самите почнувате да зрачите на околината. Законот на Свемирот вели,  дека сличното го привлекува сличното и на секој ваш став, Свемирот ќе рече:’ Да, така е. Прифаќам. Ти праќам иста вибрација!’- се’ добро ќе ти се врати со добро, убаво, позитивно. fb_img_1539349519897

Затоа вреди да се мисли позитивно и да се има позитивен став. Вашата моментална мисла, која можете да ја изберете, ќе ви донесе добро чувство, без оглед на тоа во каква објективна ситуација сте се нашле. Истиот ќе привлече добри случувања кои ќе ви се случат- само ако малку бидете трпеливи.

И тоа е цела мудрост. Едноставно зарем не? Можете да почнете веднаш. За почеток одлучете дека во следните 24 часа ќе имате само убави и добри мисли.

А тогаш набљудувајте што ќе се случи понатаму.

извор: ehoroskop.net

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: