Кога желбата не е исполнета – тоа е за твое добро

 Не сме свесни колку е важно во сите работи да ја консултираме универзалната (Божја) интелегенција и секогаш кога имаме некоја желба или намера, да се молиме, Бог да ни ја исполни на начин кој е најдобар за нас.

Егоистичната желба, да се исполни точно она што ние мислиме дека ни треба, е само продукт на пониската интелегенција( его) и не треба да и’ се верува.

Еве една кратка приказна: Сакаме да привлечеме патување на некоја егзотична дестинација. Правиме се’ и доаѓа моментот, кога во гужва се приготвуваме да тргнеме кон аеродромот, кон авионот кој полетува точно во 14:00 ч… да не’ однесе во земјата на соништата.

Одеднаш се случуваат некои непредвидени чуда, потполн колапс во сообраќајот и шансата да стигнеме на аеродром, е рамна на нула. Ние сме веќе излудени, се обидуваме да најдеме начин да стигнеме до аеродромот, но само со солзи во очите, можеме да го видиме, својот авион како полетува. Си одиме дома разочарани и очајни. По неколку часа гледаме вести и слушаме дека ‘нашиот’ авион се урнал.

И што тогаш правиме? Му се заблагодаруваме на Бог, што не сме стигнале на авионот.

Во само неколку часа нашата свест за Бог, добива други димензии, во еден момент мислиме дека Бог, заборавил на нас и не’ изневерил а во следниот, ние сме му неизмерно благодарни.

Не сме свесни колку е важно, во сите работи да се консултираме со универзалната, (Божјата) интелегенција и секогаш кога имаме некоја желба или намера, да се молиме на Бог, да ни ја исполни желбата, но на начин кој е за нас најдобра. Егоистичната желба да ни се исполни, точно она што мислиме дека ни треба, е само продукт на Егото и не треба да му се верува, бидејќи често се испоставува, дека исполнувањето на дадената желба не носи ништо добро.

Исто така, кога не добиваме тоа што сакаме, треба да бидеме благодарни на Бог, за тоа што не сме добиле. Бидејќи, одговорот во вид на неисполнета одредена желба, е порака од сферата на вашата интелегенција- или посакуваното не е за нас, или не сме доволно отворени да го превземеме дарот( всушност, тој е преголем за нас). Ако, покрај се’, сме покажале благодарност и сме го неутрализирале своето незадоволство, останувме среќни и мирни одвнатре, тогаш покажуваме, дека сме доволно големи и подарокот може да се спушти кон нас.

Треба да знаеме дека, кога сме блиску до целта, тогаш универзумот ќе не’ стави во искушение дали сме подготвени за некој дар, ќе фрли некое каменче по патот и проверува, дали ние правиме некаква ‘глупост’ и колку сме вешти, се’ да упропастиме.

Ако сме изразиле доверба и гледаме светлина во Бог, тогаш нема промашување, треба да се следи тој пат и кога ни е најтешко пред очите, тогаш всушност доаѓа светлината.

 Мораме да знаеме, дека не сме способни да делуваме независно од остатокот на универзумот. Модерната физика докажала дека Свемирот, не е празен туку претставува информациско поле, во кое е содржано цело знаење кое постои.

Greg Braiden тоа поле го нарекол Божја матрица, во која се’ се материјализира по точно одредени законитости и дека чувството од срцето, е она што ја создава реалноста. Тој тврди дека срцето има 100 пати појако магнетно поле од мозокот и дека преку срцето и чувствата кое тоа ги емитува, ние комуницираме со Божјата матрица.

Така и визуализирањето не се прави на ментално ниво, туку на ниво на чувство. Дури кога сме во состојба да влеземе во одредено чувство, ние немаме проблем, да создадеме каква и да посакаме слика на менталниот екран. Ние во потполност сме преселени во таа слика, само, кога со чувство сме во неа. Без тоа, се’ останува на ниво на мечта и само ладна, безживотна слика на менталниот екран.

Кога не дозволуваме светлото да влезе во нашето срце и да се измеша со нас, ние сме во состојба на недоверба, веруваме само на некои свои егоистички сили, кои не’ држат одбвоени од Божјата матрица во која се наоѓаат се’ што е потребно.

извор: duhovni-razvoj.blogspot

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: