Каде и да одиш, остави трагови на љубов и добрина

Постои едноставен, евтин и на секој достапен лек за подмладување. И сите го носат со себе.
Благодарност – како длабока и искрена емоција која му помага на вашиот мозок, срцето и на целиот организам.
Истражувањето, кое е спроведено во HeartMath, едно од водечките институти, кој се занимава со проучување на психологијата на емоциите, докажа дека вистинското чувство на благодарност на организмот, делува како беспрекорен лек.
Секој пат кога сте благодарни, кога искрено ќе ги пофалите туѓите достигнувања и кога општо, позитивно размислувате, ритамот на вашето срце и мозок се синхронизира, создавајќи состојба која научниците ја нарекуваат кохеренција. Кохеренцијата всушност, може да се измери со помош на софистицирана опрема која покажува точна интеракција меѓу срцето, мозокот и нервниот систем.
Истражувањата покажуваат дека со благодарноста се зголемува произвотството на хормонот DHEA, кој уште се нарекува ‘ хормон на младоста’ бидејќи го спречува стареењето.
Ако сте благодарни, тогаш појасно размислувате. Мозокот квалитетно ги обработува информациите и ги зголемува своите капацитети.
Работата на срцето се нормализира, нивото на стрес се намалува а позитивното размислување ги брише, сите траги на стрес, лутина и фрустрација. Благодарноста е дар, кој се умножува- ако често ја чувствувате, таа ќе привлече и други позитивни емоции.
Кога чувствувате благодарност, го подобрувате имунитетот,

во телото се зголемува нивото на антитела, кои се главни заштитници на телото од вируси, лоши бактерии.
Затоа бидете благодарни на секој ден, бидејќи секој може да пронајде барем една причина. поради која може да биде благодарен.
Ќе ви се врати вам и на вашиот организам, на најдобар можен начин.
Извор: hooponoponotehnika

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: