Што помалку ти треба, подобро се чувствуваш

 Современата медицина му дава на мозокот во главата, улога на центар од каде доаѓаат сите команди, за контрола на сите витални функции на човечкиот организам.

Меѓутоа истата таа наука и многу кои се создадени пред неа, тврделе дека постои друг вид на интелект или разум кој поседува голем потенцијал и кој е во состојба паметно да врши размена на материи, да контролира функции на различни органи и под системи.

Тој се наоѓа во стомакот. Го земеме во предвид фактот- стомакот буквално може да го смени нашиот живот.

Дали некош сте размислувале за изразите- ‘слушам од стомакот’ или’ имам чудно чувство во стомакот’ или ‘пеперутки во стомакот’ што подразбира некое возбудување а понекогаш чувствувство на заљубеност. Никој не вели ‘ чувствувам од лактот’ или ‘ пеперутки во жолчката’.

Но токму тоа чувство кое доаѓа од стомакот во многу култури е некој еквивалент на интуитивно знаење. Kако што се испостави, тоа не е метафора, туку физиолошки факт, ако така може да се каже.fb_img_1539729775536

Покрај мозокот, научниците откриле дека постои друг облик на мозок, кој се наоѓа во дигестивниот тракт. Во науката е познат како ентеричен нервен систем. Мозокот во стомакот се наоѓа под стомачната обвивка, помеѓу слузокожата на хранопроводот, желудецот, тенкото и дебелото црево. Ентеричниот нервен систем е сложена мрежа на неурони и неурохемиски механизми кои примаат сигнали и контролираат различни процеси во другите делови од телото, вкучувајќи го и мозокот. Се испоставило дека тој има стотина милиони неурони повеќе од ‘ рбетниот мозок!

Така да, со апсолутна сигурност можеме да зборуваме за огромен и распространет, иако недоволно испитуван, систем на интелект и интуиција.

Изненадувачки, научниците откриле интензивни патеки или ако се изразиме со термините на современата интернет индустрија ‘сообраќај’ кој тргнува од ентеричниот нервен систем во мозокот а не обратно.

Со други зборови, мозокот не му наредува на системот за варење што да јаде и како мора да врши размената на метериите, туку ‘мозокот во стомакот’, праќа соодветни команди во мозокот во главата.

Вашиот ‘стомачен’ мозок има што да каже и мозокот во главата подготвено го  слуша. Покрај огромната мрежа на неурони, целиот систем за варење буквално е  ‘исполнет’ со клетки кои синтетизираат и примаат голем број пептиди и неурохемиски супстанци.

Пред тоа се сметало дека овие супстанци се наоѓаат во мозокот. Тоа се сератонин, допамин, норепинефрин и глутомат. Всушност, многу хормони и хемиски супстанци, се наоѓаат во стомакот, а не само во мозокот во главата, како што се тврдело од научниците.

Ентеричниот нервем систем (стомачниот мозок) и централниот нервен состем имаат уште една сличност.

Во текот на сонот, мозокот во главата минува низ 90 мин фаза на длабок сон. Во текот на таа фаза често може да се види движење на зениците. Во оваа фаза сонуваме. Мозокот во стомакот, исто така минува низ 90 мин фаза на спори мускулни контракции, која се менува со импулсивни, кратки контракции.fb_img_1539765952898

Дали нашиот стомак сонува? Уште едно изненадувачко откритие покажало дека цел гастроинтестинален тракт е ‘обложен’ со специјални клетки кои синтетизираат и примаат ендорфини и енкефалини- хемиски супстанци кои се одговорни за создавање на чувства, како што се радост, задоволство, олеснување итн.

На пример, бран на топлина, која понекогаш ја чувствуваме по вкусен, пријатен оброк или средба- е делумно резултат на делување на енетричниот нервен систем, кој го активира хормонот на задоволство во клетките. Нашиот стомак буквално е направен на таков начин секогаш да праќа точни сигнали на едната или другата состојба.

Како што приметувате, стомакот често е барометар на нашата емоционална состојба, вклучувајќи го и стресот. Кога велиме ‘слушам од стомакот’ или ‘имам чудно чувство во стомакот’, изразуваме реално психофизичко чувство кое се генерира во ентеричниот нервен систем или во стомачниот мозок.

Во Јапонија на пример, областа на стомакот се смета за место на мудрост и центар на привлекување, како физички така и духовно. Стомакот или ‘Хара’ (на јапонски е центар на апосолутна рамнотежа) се наоѓа, поточно неговиот центар, малку под папокот. Кога Јапонецот ќе каже’ јас знам’ тој за разлика од Европејците, кои покажуваат на главата, покажува на стомакот.

Се’ ова значи дека во стомачниот мозок лежи огромен потенцијал, кој уште не сме го совладале во потполност. Веројатно сте чуле дека користиме само 10% можности на нашиот мозок. Истото важи и за мозокот кој се наоѓа во стомакот. Тој е вреден извор на мудрост, сила и информација. fb_img_1539766205990

Ако на пример сте збунети во хаосот на контрадикторни информации за правилна исхрана, диети, метаболизам, кои доаѓаат од различни стручњаци, медии и други извори, треба да запомните- мозокот во главата не може правилно да ги обработи, тој едноставно нема ресурси за тоа.

Кога е исхраната во прашање, главна улога му припаѓа на мозокот на стомакот а мозокот на главата има секундарна улога. Животните инстиктивно знаат што треба да јадат. И ние, речиси, само просто не знаеме дека тоа го знаеме.

По правило, кога е во прашање стомакот, ние повеќе сме загрижени поради неговата еластичност, пополнувањето. Но, она што е навистина важно, не ни паѓа на памет. Треба да сме заинтересирани во прв ред за развој на интелектот на нашиот ‘стомачен’ мозок. Бидејќи што повеќе знаеме за него, полесно ќе ги разбераме сигналите. Ентеричниот нервен систем поседува единствен суптилен интелект, кој не е сличен на мозокот.

Извор: econet.ru

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: