Зошто се залажуваме себе си дека живееме?

Сиот живот се претвара во навика.

Навика да се разбудиме во исто време и да ги правиме истите работи секојдневно. По навика разговараме за безначајни работи, по навика се смееме на одамна слушнати шеги и по навика се изненадуваме од настаните кои потсвесно сме ги очекувале или барем предвидувале.

А кога ќе се измориме од се’, повторно по навика, се повлекуваме во себе полнејќи си ги батериите за да можеме да продолжеме понатаму со старите навики.

Исто како птицата која долго време живее во кафез. Дури и кога ќе ја отвориш вратата од кафезот, таа не излегува надвор. Нејзиниот кафез е нејзиниот свет. И да излезе од него, по навика повторно се враќа внатре…..

Нашите навики се нашата сигурност. И се’ додека живееме така, само се залажуваме самите себе си дека живееме. Всушност вегетираме.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: