Кога еднаш ќе направиш чекор напред во верувањето….

Кога еднаш ќе направиш чекор напред во верувањето, не гледај никогаш назад и не жали по тоа што си го оставил зад себе.

Очекувај го само најубавото од иднината и гледај како тоа се остварува. Се’ старо остави зад себе; со тоа е готово. Биди благодарен за лекциите што ги научи и за искуствата што ги имаше, зошто сето тоа е готово.

Биди благодарен за лекциите што ги научи и за искуствата што ги имаше, зошто сето тоа ти помогна да се развиеш, ти даде подлабоко разбирање, но никогаш не обидувај се да им се вратиш.

Тоа што те чека е многу почудесно од тоа што го остави зад себе. Откако го стави својот живот под Мое директно водство и насочување, како може да ти се случи нешто лошо?

Кога ќе направиш чекор напред и потоа ќе почнеш да се прашуваш дали си ја направил вистинската работа, кога ќе им дозволиш на сомневањата и стравовите да те обземат, ќе почувствуваш дека се подвиткуваш под тежината на своето решение.

Затоа заборави го минатото и тргни напред со срце исполнето со љубов и благодарност.

Ајлин Кеди ‘Отворање на внатрешните порти’

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading