Кога во себе чувствуваш пустош, а на лицето ти цути раскош, Знаеш! Тоа е гордоста.
Таа те заштитува и тебе, и твоите солзи, и твојата болка од погледот на сите.
Те заштитува од сожалувањето кое боли дури и повеќе од омразата. …..
Те тера да се смееш кога сакаш да плачеш. Да молчиш кога крик ти ги исполнува градите.
Да делуваш смирено, кога и последниот атом во тебе е вознемирен…. Успева да ги задржи солзите, до мигот на осаменост. Им дозволува да потечат единствено тогаш, кога си сам, далеку од сите погледи….
Но, што со лузните на душата, создадени од сите прикриени болки и разочарувања. Иако никој не ги гледа, тие сепак се тука.
Горат и печат на душата, во сенката на горда насмевка.
Нека горат. Ќе прегорат.
Нека печат. Ќе излечат.
Нека болат. Ќе преболат.
Важно е само никој да не види. Никој да не дознае. Нив ги чуваме само за себе.
За другите, тука е маската на гордоста. Нашиот заштитник. Можат да не’ повредат. Можат да не’ измамат. Можат да не’ уништат. Можат да ни одземат СЕ’. Но, гордоста не можат. Никогаш. Таа е само наша.
Leave a Reply