Полека умира…

Полека умира

оној кој не патува,

оној кој не чита,

оној кој не слуша музика,

оној кој е незадоволен со себе.

Полека умира

оној кој ја уништува

сопствената љубов,

оној кој не прифаќа помош.

Полека умира

оној кој е претворен во роб

на навиките,

поставувајќи си секој ден

исти ограничувања,

оној кој не ја менува

рутината,

оној кој не се осмелува да

облече нова боја,

оној кој не се осмелува да

разговара со некој кој не го

познава.

Полека умира

оној кој бега од страста

и нејзините врели чувства

оние кои даваат сјај во

очите

или во напуштените срца.

Полека умира оној кој не го менува

животот кога не е

задоволен

од својата работа или од

љубовта,

оној кој не сака да се

откаже од својата сигурност

поради несигурност,

оној кој не ги следи своите

соништа;

оној кој нема да си дозволи

ниту еднаш во животот да оди подалеку

од дадениот совет …

Живеј денес, дејствувај

денес, ризикувај денес!

Не дозволувај да умираш

полека,

Не заборавај да бидеш среќен!

Пабло Неруда

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: