Мудрата жена сака, но не љуби, слуша но не верува, и остава пред да биде оставена

Многу лекции ги учиш со солзи. Мораш да поминеш по патот на предавството, патот по кој си напуштен од другите, за да ја научиш вредноста на вистинските пријатели, да научиш да го почитуваш оној, кој остана покрај тебе, кога сите други исчезнаа.

Мораш да ги поминеш лекциите со солзи, за да разбереш како да се заштитиш од штетниците, од оние кои се покрај тебе, само поради некои свои интереси.

Мораш да почувствуваш, цел спектар на човечки чувства. Како е тоа кога си сам, како е кога си со некој, а сепак се чувствуваш осамено, како е, кога си навистина со некој и се чувствуваш среќен.

Ќе поминеш низ тие лекции можеби многу тешко, ќе бидеш повреден…но, кога ќе ја направиш својата колекција од лузни, сите тие ќе имаат име, по времето кога си ги добил.

Ќе ти требаат солзи, кога ќе мораш да почувствуваш, како е кога му веруваш на другите, а добиваш нож во грбот. Кога на некој му го подаруваш своето срце, ги кажуваш своите тајни, даваш се’ она што имаш, а добиваш болна разделба, без ниту еден збор.

Животните лекции не се учат во училиште, низ нив треба да поминеш, да боли многу, за да можеш да научиш.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: