Најдолго се останува покрај жена до која тешко се доаѓа

Има жени, кои тешко ги пуштаат мажите во својот живот. За да дојдеш до нив, мора да поминеш милион мали препреки.
Нивниот живот, е во нивни раце и се’ свое држат во тајност, како нешто свето и недопирливо.
Кај нив ништо не е на ‘ изволте’ – ни вниманието, ни времето, ни телото.
Некако се скриени, ушушкани, најчесто сами и кога тоа не се.
Но, кога ќе влезеш во нејзиниот свет, кога ќе го срушиш нејзиниот ‘непробивен’ зид, поставен меѓу неа и другите, почнуваш да ја чувствуваш нејзината суштина.
Комплетна жена, која почнува да те дарува, да ти се посветува, свесна дека си вреден и затоа е со тебе.
Таа ти припаѓа целосно или не ти припаѓа воопшто.
Кај неа ништо не е половично. Ни љубовта, ни односот, ни пријателството- ништо. Жена од која по малку се плашиш, од која трепериш, која од се’ прави, една мала свеченост.
Секогаш те тера да ја посакуваш и да размислуваш за неа.
Само она што почитуваш, можеш навистина и да сакаш.
Само оние кои навистина ги посакуваш, можат во тебе да разбудат нешто вистинско.
Најдолго се останува покрај жена, до која тешко се доаѓа. Таа не се крие намерно, само држи до себе, се’ е некако убаво во врска со неа.
Нивното присуство, нивните зборови, нивниот живот, нивната суштина, нивното се’.
by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: