Вие сакате мир.
Не постои човек на светот која не сака мир. А сепак, во вас постои нешто што копнее за драма, за конфликт. Можеби и не можете тоа да го забележите веднаш. Можеби ќе треба да почекате на ситуација или мисла која ќе ја предизвика реакцијата во вас: некој да ве обвини за нешто, да не ја признае вашата вредност, да влезе во ваша територија, да го доведе во прашање начинот на кој работите, прашање за парите..
Дали ќе почувствувате огромна сила, која поминува низ вас, страв, ножеви замаскирани со лутина или непријателство? Можете ли да го почувствувате својот глас како станува груб, пискав или погласен или за неколку октави низок?
Можете ли да го почувствувате својот ум, како се натпреварува да ја одбрани својата позиција, со правдање или да обвини некој? Со други зборови, можете ли да се разбудите во тој момент на несвесност?
Дали можете да почувствувате дека во вас постои нешто, што е во војна, нешто што се чувствува загрозено и сака да преживе по секоја цена, нешто на што му е потребна драма, за да го потврди својот идентитет, на победник во театарска представа?
Можете ли во себе да почувствувате нешто, на кое му е подобро да е во право, отколку да најде мир?
Кога егото е во војна, знајте дека тоа не е ништо друго освен илузија, која се бори да опстане.
Екарт Тол
Leave a Reply