Тажни се денес твоите очи

Тажни се твоите проникливи очи. Ми ја испитуваат душата исто кога месечината сака да се нурне во морето. Си го разголив животот пред твоите очи од крај до крај и ништо не сокрив ниту задржав.

Затоа не ме познаваш. Да е скапоцен камен, би можел да го раздробам на стотици зрнца и да ти нанижам ѓердан околу вратот. Да е цвет и свеж и малечок и сладок, би го откинал и ќе ти го ставам во косата.

Но тоа е моето срце мила. Каде се бреговите негови а каде неговото дно? Не ги познаваш меѓите на тоа кралство а сепак си негова кралица. Да има само миг на радоста, тоа би расцветало во лесна насмевка и ти би можела да го видиш и да го читаш во мигот.

Да е само болка, тоа би се растопило во светли солзи, во која би се огледала најдлабоката тајна, тајна без зборови.

Но тоа е љубов мила моја. Нејзината радост и болка се без граници, бескрајни се нејзините желби и нејзиното богатство. Таа ти е блиска како живот, па сепак, никогаш целосно не можеш да ја познаеш.

Тајната на своето срце не ја задржувај за себе, пријателе! Кажи ми ја скришум, само мене. Ти што се насмевнуваш толку љубезно, прошепоти тивко, ќе те слушне моето срце- не моите уши..

Одам и го губам својот пат: Барам што не можам да постигнам а постигнувам што не барам

Градинар -Тагоре

 

 

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: