Заљуби се во некој кој ќе те сака безусловно. Кој ќе ги прифати сите твои мани, недостатоци, несовршености и кои во тебе ќе создаде чувство дека си вредна- затоа си и негова.
Заљуби се во оној, кој ќе се бори за тебе, и покрај потешкотиите и бурите кои ќе ти доаѓаат во животот. Во оној, кој ќе ги разбере твоите лудости и понекогаш твоите непромислени однесувања. Во оној ,кој ќе те смири кога си вознемирена. Во оној, кој ќе разговара со тебе со љубов и по некоја расправија.
Заљуби се во некој, кој ќе го цени твојот труд, кој ќе те води и ќе ти даде подршка, во остварување на твоите цели. Кој на крајот од денот ќе биде покрај тебе. Кој ќе вози со часови, само да ја види твојата насмевка.
Заљуби се во оној кој секогаш ќе биде покрај тебе што и да се случи.
Заљуби се во некој, кој со бакнеж ќе направи да се чувствуваш најспособна жена на светот. Кој ќе направи, во себе да почувствуваш ерупција на сензуалност. Кој ќе ти ја испее најнежната песна, полесно да заспиеш. Наутро штом ќе ги отвориш очите да ја видиш неговата убава порака за почеток на денот.
Заљуби се во некој, кој ќе ти биде најдобар пријател и љубовник во исто време. Кој доцна во ноќта ќе јаде чоколадо со тебе, само Ти да се чувствуваш подобро. Кој долго со тебе ќе разговара за било што.
Заљуби се во оној кој ќе те насмее, со кој ќе бидеш весела како дете. Кој гордо и неуморно ќе те држи за рака покажувајќи му на сите како е вистински среќник што те има.
Заљуби се во некој, кој ќе ти прости. На кој ќе му вредиш повеќе од неговото хоби, работа, се’. Кој секој ваш момент ќе го направи за паметење. Кој ќе ги исполни своите ветувања.
Заљуби се во оној, кој ќе те почитува тебе и твоите животни одлуки.
Заљуби се во некој, кој ќе ја сака твојата душа повеќе од твоето тело. Тоа ќе ги тргне сите твои грижи, солзи и сомнежи. Во оној кој секогаш ќе те разбере тебе и сите твои промени.
Заљуби се во некој кој ќе те направи среќна, кој ќе те задоволи и оној, кој секогаш позитивно ќе те изненади.
by Рита
Leave a Reply