Љубовта е она, кога не губиш вера во добрината на непознатиот човек, иако тие што добро те знаат, те повредиле, кога не престануваш да даваш се’ од себе, дури и тогаш кога се’ си изгубил, кога ја пушташ својата светлина во најмрачните моменти, за да го осветли патот дури и на слепите.
Љубовта е она и кога имаш куќа, својата номадска душа, која единствено успеваш да ја сместиш, во домот кој го градиш во другите луѓе. Љубов е она, кога не прашуваш кој, како и зошто, туку само даваш, без страв дека некој тоа ќе го злоупотреби, бидејќи љубовта постојано добива обновен облик на енергија.
Кога ќе престане ветерот и ќе ја снема сончевата светлина, ноќта и морињата, тогаш единствено ќе се загрижам, дека можеби љубов нема да има.
Блогдан
Leave a Reply