Твоите мисли се твоја судбина


Многу луѓе велат дека самоодбрана е да се радуваме на поразите и да се заблагодаруваме на катастрофите.
Тоа е бесмислено.
И тие се во право.
Но, дали тоа што се во право им носи среќа?
Поголемиот број луѓе на непријатност реагираат стандардно: со нервирање, агресија и негативност.
Човекот почнува да се бори со ситуацијата, чувствувајќи во себе противење. Заблуда е да се верува дека нервирањето може да ја подобри ситуацијата.
Која е поентата на негативноста?fb_img_1539349491442
Нема во неа некоја цел. Напротив, нервирањето и агресијата создаваат уште поголема негативност.
Научниците кои го проучуваат квантниот свет велат дека цел свет е енергија.
Сите честички се наоѓаат истовремено и секаде.
Тоа се вика квантна неизвесност.
Тоа е парадокс.
Ако нема набљудувач- човек- светот не постои.
Ова е научен факт.
Всушност, очекувањата на човекот секогаш влијаат на резултатот од експериментот.
Секој човек е 100% во право. Секогаш верувате во нешто а потоа наоѓате потврда за своите верувања.
На пример, верувате дека пари нема да имате доволно. И тоа е точно. Пари никогаш доста. Или во вашиот град е невозможно да се најде работа. И повторно сте во право.
А  вашите соседи имаат доволно пари за се’ и имаат супер работа. Зошто?
Имаат среќа? Не, не е тоа.
Законот на квантната физика вели: Секогаш! Секогаш! Без исклучок, го добивате резултатот кој го очекувате!
Ако не се согласувате со ова гледиште, 100% сте во право.
А дали вашата точка на гледиште ви дава мир, јасност и радост? Ви помага да ги поминувате препреките и да ги надминувате? Ако одговорот е да, супер.
Лично искуство…
Кога ја повредив раката, бев очаен. Лекарите ми рекоа дека најверојатно ќе бидам инвалид. И јас им поверував.
Тогаш прочитав за луѓето кои се вратиле во нормала, од состојбата ‘распаѓање’ по сериозни повреди. И им поверував дека тоа е можно.
Резултат- сега мојата рака апсолутно е здрава.
Верував 15 год дека сиромаштијата ми е судена. Работев многу и ништо. А потоа поверував дека можам лесно да постигнам финансиска слобода и се’ се оствари.
Верував дека треба да си борец во животот, затоа што мојот свет беше опасен, матен
и суровfb_img_1539349291328.
Сега верувам дека секогаш сум заштитен. Се’ се случува за мое добро. Мојот свет се грижи за мене. И затоа на се’ викам : ‘Ура!’.
Секој момент ние бираме. Секоја секунда создаваме стварност.
Секој пат кога нешто ќе ви се случи што не посакувате, имате избор.
Влегувате во квантна раскрсница. И ако сте лути, сте тргнале по погрешниот пат. Одите во лошиот свет.
Ако не ви се допаѓа таму, се’ е во ред. Ако не е, кажете:’Ура!’. Се’ е добро. И добро ќе биде во стварноста.
Таа е секогаш добра и неутрална. Само вашите мисли ја бојат и оценуваат.
Кога искрено се радувате на било кое искуство, сите ваши проблеми се решаваат сами.
Дури невообичаено не војувате.
Ако се уште не сте влегле во војна- борете се.
Ама мене лично ми се допаѓа мир и спокој.
Поделете го своето искуство на единство со животот, сигурен сум дека можете да им помогнете на многу луѓе да живеат среќно и лесно.

Јуриј Токарев

 

 

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: