Што треба да научиш кога немаш на кој да се потпреш

– Понекогаш можеш на некој да му објасниш како се чувствуваш, но луѓето можат тоа да го разберат, дури кога истото ќе им се случи.

-Почнуваш да сфаќаш дека на крајот од секоја приказна, само ти можеш да си помогнеш себе си и тогаш, почнуваш активно да ги решаваш проблемите.

Полесно ти е кога не разговараш за некои работи, бидејќи подсвесно очекуваш друг исход, па многу ќе се разочараш, ако нема да се случи што ти си замислила.

-Сфаќаш кој вистински се грижи, а кој глуми. Во тешките времиња, се познаваат вистинските пријатели.fb_img_1540155630746

-Сфаќаш дека некои од твоите вистински пријатели не те познаваат, туку само еден дел од тебе. Со други зборови, те сакаат кога си среќна, но не и кога си тажна.

-Некои луѓе ги ‘разводнуваат’ твоите проблеми, бидејќи сметаат, дека не се опасни по живот и затоа нема да те слушаат. Од тие луѓе тргај се што подалеку.

-Почнуваш да бараш одговори во себе, наместо да бараш одобрување и решенија надвор од себе. Тоа значи дека работиш по сопствена проценка.

-Учиш како да бидеш одговорна за сопствениот живот. Ако нешто зафркнеш, ти си одговорна и не ги обвинуваш другите луѓе за својот неуспех. Едноставно учиш како сама да ги водиш своите битки, бидејќи често ќе немаш никој на твојата страна.

-На тежок начин ќе научиш како да се прифатиш себе си. Тешко е кога мислиш дека си сама а уште потешко, кога мислиш дека ти си виновна за тоа. Мислиш дека си лоша пријателка, но, на крајот ќе научиш да не ги сфаќаш работите лично и дека треба да бидеш силна додека си сама.

-Да научиш да се носиш со осаменоста. Да ги гушнеш своите мисли, својата збунетост и стравови. На крајот стануваш непобедлива.

-Почнуваш да сфаќаш дека секој има некоја улога во твојот живот, но некои луѓе, имаат помалку важност. Некои се дури привремено во твојот живот и нема да ти бидат пријатели засекогаш.fb_img_1539766123009

-Стануваш внимателна кога се во прашање идните врски. Повеќе не си толку доверлива, не се доверуваш лесно. Поставуваш граници, за оние кои сметаш дека не ти мислат добро.

-Понекогаш е подобро на луѓето да не им кажуваш за себе, бидејќи никогаш не знаеш, како ќе го искористат против тебе.

-Сфаќаш дека сама можеш да станеш по падот и не треба да се потпираш на никој.

-Ова е тешка лекција, но најважна. Можеш да преживееш единствено сама, бидејќи некои луѓе само сакаат да те повлечат на дното.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: