Знаеш ти воопшто, колку јас те сакам

Ме прашува непознат човек: “Знаеш ти воопшто, колку јас те сакам?”

-Знам. Ме сакаш онака како што се сака некој од кога ништо не очекуваш, некој на кој ништо не му должиш, оној на кој не си сметал, не си се надевал, а тој се појавил; и ништо не ти дал, нити нешто си побарал.

Ме сакаш чисто, бидејки ништо не стигнало да се извалка, ни јас ни твојата Љубов. Ме сакаш онака како што се сака живот. Со цело срце како подарок, како благослов, како ден кој ќе помине, кој повторно нема да се врати, нов и непознат, преполн со можности некој повторно да засакаш, без причина и сметка.

Сакај ме. И јас те сакам. Не за да се имаме, туку да се вратиме себе си, подобри.

Бранкица Дамјановик

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: