Ако на некого му дозволите да ве налути, тогаш му дозволувате и да ве контролира

Ако сум лута на тебе, тоа не значи, дека не те сакам. Всушност, тоа значи, дека ми стана многу близок и важен. Ако сум лута на тебе, тоа не значи, дека сакам да ја прекинам врската. Тоа значи, дека сакам да влезам во сржта на проблемите и се’ да разјаснам.

Ако сум лута, тоа не значи, дека не можеш со мене да разговараш. Кога сум лута, моите мисли се појасни и моите намери полесно ќе ги сфатиш. Ако сум лута, тоа не значи дека сакам да те повредам. Тоа значи, дека сакам со тебе да разговарам на начин, кога станува тешко да се слушнат некои работи.

Ако сум лута, тоа не значи, дека ти си лош човек. Тоа значи, дека си направил нешто, што не ми се допаѓа и тоа јасно ти го кажувам. Ако сум лута, тоа не значи ни, дека јас сум лоша личност. Тоа значи, дека знам каде се границите на мојата толеранција. Тоа исто така значи, дека знам што сакам од животот.

Ако сум лута, тоа не значи, дека уште повеќе ќе се налутам. Тоа значи, дека ќе престанам да се лутам штом ме сослушаш и ме разбереш.

Ако сум лута на тебе, тоа не значи, дека не те почитувам. Тоа значи, дека можам да ги толерирам твоите негативни карактеристики. Тоа значи, дека се обидувам да најдам зборови и акции кои најточно ќе изразат, што моментално чувствувам без тоа да те повреди.

Ако сум гласна, можеби е затоа што чувствувам многу различни емоции, а не затоа што сакам да те понизам. Ако сум гласна додека ти си во собата, тоа не значи, дека викам на тебе. Ако лута седам покрај тебе, тоа не значи, дека сум лута на тебе.

Ако сум лута, тоа не значи, дека ќе бидам агресивна и ќе те повредам. Понекогаш ми е доволно, само да ја исфрлам лутината од мене, за да се смирам.

Ако сум лута на тебе, тоа не значи дека немам други чувства за тебе.

Ако сум лута, тоа не значи дека не сум ти благодарна.

Ако сум лута на тебе, тоа не значи, дека сакам да престанеш да правиш она што те налутило. Тоа дури не значи, дека очекувам да го смениш своето однесување. Ако сум лута, тоа не значи, дека нешто погрешно си направил и дека треба да се извиниш.  Ако сум лута, тоа не значи, дека те осудувам тебе и твоите постапки. Ако во тој момент сум лута, тоа не значи, дека сум лошо воспитана. Тоа значи, дека ги слушам своите чувства и дека знам што сакам.

Ако сум лута на тебе, тоа не значи, дека не можам да ги совладам тие чувства и повторно да те гушкам. Ако сум лута, тоа значи, дека сум човек.

Ако сум лута на тебе, тоа не значи дека не те сакам.

Aglaya Dateshidze

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: