Бирам да ми биде убаво

Бирам да ми биде убаво. И почесто да правам она во кое уживам.

Малку сум луда кога ќе забележам нешто што ми пречи. Но, не се расправам.

Со луѓето сум љубезна. Го бирам полесниот пат секогаш кога можам. Неброено пати се покажа како правилно.

Бирам да избегнувам да работам она што не сакам. Работам само она што сакам. Не влегувам во конфликти. Не убедувам, не докажувам, не менувам никого. Научив дека тоа е залудна работа.

Водам своја политика а тоа е ‘ Убавината на животот’.

Убаво ми е мене и на сите околу мене.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: