За еден човек чув две потполно различни мислења. Едни го фалеа, други го критикуваа.
Каков е тој всушност човек , се прашував. Онаков каков што никој го нема видено. Тој е она што Е, а другите го дефинираат и врз основа на тоа проценуваат, она што им треба, она што тој човек им дал или им скратил.
Да се рече дека некој е добар или лош човек само врз основа на неговиот однос кон нас е непрецизно и недоволно.
Ние всушност така малку знаеме едни за други.
Некој рече:” Не го сакам овој човек; значи морам подобро да го запознаам”. Да. Одличен прв чекор.
А всушност првиот човек кого можеме да го запознаеме сме ние сами. Тогаш и другите ќе ги запознаеме и ќе ги разбереме.
Бранкица Дамјановиќ
Leave a Reply