Ако имате среќа, ќе останете сами. Сосем сами, никој ќе нема во близина и ќе мора да се потпирате на земјата и на себе.
Ако имате среќа и кога ќе биде вистинско време, животот ќе удри по вас, за да ве здроби како орев за да добие јатка.
Ако имате среќа и да биде право време, ќе ви биде болно. Толку болно што болката ќе ве донесе до умирање а потоа ќе ви помогне да се препородите.
Ако имате среќа вие ќе плачете. И тие солзи ќе биде неможно да ги задржите. И преку нив ќе дојде ослободување а потоа и вистински живот.
Ако имате среќа ќе бидете ранливи. И никако не ќе можете тоа да го скриете. И тогаш ќе сфатите кој е со вас а кој не е.
Ако имате среќа нема да ги знаете одговорите на прашањата. И тогаш ќе морате да ги најдете самостојно.
Ако имате среќа ќе се разочарате во луѓето, идеите, учителите и добрите магови. И кога ќе преживеете ќе можете да го согледате реалниот свет.
Ако имате среќа и биде право време, нема да имате кого да прашате за совет. Баш никој. И мора да го пронајдете внатрешниот компас.
Ако имате среќа и кога ќе биде вистинско време, ќе ви биде лошо време, ќе ви биде неиздржливо, толку што ќе морате да направите нешто со тоа или едноставно ќе отпуштите и ќе му дозволите на светот да направи нешто со вас. Ако имате среќа, ќе изгубите, ќе бидете изневерени, предадени и речиси скршени. И тоа ‘речиси’ ќе ви се врежи на лицето како бори на мудроста. И искуството ќе остане до крајот на животот.
Ако имате среќа, ќе останете без пари. И ќе мора да стапите во реални односи со луѓето со кои порано можевте да бидете само ако сте платиле.
Ако имате среќа ќе стекнете многу пари, ќе ја почувствувате длабочината на очајот кога ќе се скрши илузијата дека среќата е во нив.
Ако имате среќа далеку од тоа дека сите ќе ве сакаат. Ќе биде потребно да се изгради внатрешен систем на вредности. А желбата на сите да им се допаднете ќе ве напушти.
Ако имате среќа некој близок ќе се сврти против вас. И вие ќе ја сфатите цената на моментот на среќата.
Ако имате среќа ќе се соочите со саканите, лице во лице. И ќе бидат две вистини. Нивна и ваша. И ќе го почувствувате звукот во просторот меѓу различни галаксии, кои едвај се допираат.
Ако имате среќа ќе можете да го издржите сето ова. И ќе најдете начин да се трансформирате себе си. Ќе доживеете внатрешна алхемија, која од болка создава убавина. Од бес- смирение. Од страв- остварување. А од радост- инспирација. Вината и срамот, се чисти од душата како чистач кој го мети старото ѓубре. А раните ги претвора во врати отворени.
извор: Aglaya Dateshidze
Leave a Reply