Поразени се оние кои не знаат за неуспех

Поразени се оние кои не знаат за неуспех.

Пораз е кога се чини дека сме изгубиле битка или војна. Неуспехот не дозволува да се бориме. Поразот доаѓа кога не сме успеале во нешто што сме сакале. Неуспехот не дозволува да сонуваме.

Неговото мото е: “Немој ништо да посакаш и никогаш нема да страдаш”.

На поразот му доаѓа крајот кога почнуваме нова битка.

Неуспехот нема крај, тоа е животен избор.

Поразот е за оние, уплашените, кои живеат со воодушевување и вера. Поразот е за храбрите. Само тие можат да ја почувствуваат честа поради загубата и радост поради победата. Не сум овде за да ви речам дека поразот е дел од животот, тоа сите го знаеме.

Само поразените ја познаваат Љубовта. Во кралството на љубовта сите ги водевме првите битки- и во главно сме губеле. Овде сум да кажам дека постојат луѓе кои никогаш не биле поразени.Тоа се оние кои никогаш не се бореле. Успеале да ги избегнат лузните, понижувањата, чувството на незаштитеност и оние моменти во кое воините се сомневаат во Божјото постоење.

Живеат во свет во кој веруваат дека се заштитени, затвораат очи пред неправдата и страдањето, се чувствуваат сигурно, бидејќи не мораат да се борат со секојдневните предизвици на оние кои се изложени на ризици што ги надмашуваат нивните можности.

Оние кои никогаш не биле поразени изгледаат весело и надмоќно, сопственици на вистина за која ни со прст не мрднале. Секогаш се на страната на појакиот. Како хиени, кои ги јадат отпадоците на лавовите.

Тешко на тие кои никогаш не биле повредени! Никогаш нема да бидат победници.

Паоло Коељо

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: