Научете навреме да си одите од разни животни ситуации и околности. Секогаш ќе знаете да го препознаете тој момент: ако си верувате во себе си и својата интуиција , затоа не се лажете себе си, па ни другите.
Нема лоши луѓе без оглед на потребата од расправа за тоа. Постојат луѓе кои се разликуваат од нас. И нема друга одговорност, освен личната.
Внимателно гледајте околу себе, можеби дошло време да се оди од се’.
Најверојатно е тешко да се остави се’, она што сте преживеале и просто да заминете, без оглед кој што ќе каже за утеха.
Тешко е да се оди, но, да се замине во вистински момент едноставно е неопходно. Вистината е едноставна: се’ доаѓа во свое време, дури и чудата.
Затоа, заминувајте на време, не го задржувајте никој. Бидејќи ако се задржите, сценариото на животот се препишува. И ете го маѓепсаниот круг.
by Рита
Leave a Reply