Само биди своја, ќе му се допадне на тој што треба

Кога мислиш дека сама не можеш. Биди најмногу своја. Кога си сигурна дека на никој повеќе нема да му бидеш потребна. Кога се сомневаш во својата женственост и привлечност. Биди најмногу своја.
Кога мислиш дека сите околу се во врска, само ти си сама. Кога твојата сексуалност е уништена од предходната врска, кога се плашиш да го покажеш своето тело. Биди најмногу своја.
И  кога самата повеќе не можеш да се гледаш и да се поднесеш. Кога мислиш, дека никој нема да сретнеш. Кога си заборавила како мириса маж. Кога многу месеци или години не си почувствувала нежност и топлина на блиско тело покрај себе. Биди најмногу своја.
Кога немаш со кој да поделиш нешто што ќе посакаш. Кога никој не те штити и не ти го покажува излезот. Кога нема никој да те подржи и да ти тргне, барем дел од одговорноста која те приземјува. Кога тагата и очајот те прават петнаесет години постара. Биди најмногу своја.
Кога веруваш, дека љубовта нема повеќе да се случи и во моменти на слабост, ќе се убедиш себе си, да прифатиш однос без врска. Тогаш биди најмногу своја.
Кога ќе одлучиш да бидеш своја, почнуваш да живееш. Сама. За себе. Благодарение на себе. Кога ќе ја отпуштиш желбата да бидеш со некој, ќе станеш слободна. Ќе почнеш да приметуваш, дека светот е повеќе од она што до тогаш си мислеше.
Ќе почнеш да чувствуваш љубов во себе и во се’ околу себе. Не затоа што те сака некој конкретно, туку затоа што живееш.
Светот ти даде можност да се инкарнираш, ја покажа својата најголема љубов, за која си способна.
Отворајќи го своето срце, лечејќи ги раните, ќе сфатиш дека мажите сакаат љубов, исто како и жените-  дека и нив ги плаши осаменоста.
И во тој момент престануваш да се плашиш. Ќе научиш да гледаш повеќе, да слушаш подлабоко, да се чувствиваш убаво.
Ќе научиш да веруваш, вистински во мудроста на Универзумот и нема да го држиш силно тоа што заминува. Ќе сфатиш дека животот е како река: ќе испливаш, ако се опуштиш и престанеш да паничиш.
Ќе почнеш да веруваш, дека секогаш ќе биде нешто друго, само треба да престанеш да се држиш за минатото и она што го познаваш.
Ќе посакаш да се ослободиш од наметнатите стереотипи и очекувања на другите. Ќе научиш да живееш со понизност.
Кога ќе станеш своја, повеќе нема да бидеш сама.
by Рита
 

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: