Секоја вечер некој мисли на тебе, пред да заспие

На некои, ти им значиш се’. Твојата насмевка може да ги направи среќни и оние, на кои не им се допаѓаш.

Секоја вечер некој мисли на тебе, пред да заспие. Честа причина поради која некој те мрази, бидејќи едноставно, сака да биде како тебе.

На светот постојат минимум двајца кои се подготвени да го дадат својот живот за тебе.

Животот е прекраток да се будиш разочаран. Сакај ги луѓето кои се однесуваат правилно кон тебе, заборави ги оние кои тоа не го работат и верувај дека се’ се случува со одредена причина.

Дури и кога правиш најголема грешка во својот живот, знај дека, доаѓа нешто убаво.

Запомни, се’ што се случува во твојот живот- се случува за твое најголемо добро.

Верувај во тоа!

Кога мислиш дека животот ти го свртил грбот, погледни на него од друг агол.  И секогаш имај на ум: кога животот ќе ти даде шанса- земи ја!

Ако таа шанса го менува цел твој живот- супер, дозволи и’ да се случи. Никој не рече дека ќе биде лесно. Само верувај дека е вредно за тоа.

Сфатете дека никој од нас не може да биде инспириран секој ден. Сите ние се исцрпуваме. Сите паѓаме од разочарување. Сите сме уморни.

Ако сте при крај на силите и уморни од животот, тоа не значи дека стоите во место. Кога сте уморни, движете се пополека. Движете се мирно, без брзање.

Но, не застанувајте.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: