Те љубам, затоа што не знам поинаку

Те љубам…затоа прво се грижам за себе. Ако тоа не го направам, не можам ништо ни тебе да ти дадам.

Те љубам…ти го отворам срцето, дури и кога во него е најмрачно. Ако не ти се откријам, тоа ќе стои меѓу нас.

Те љубам.. понекогаш си одам од тебе за да бидам сама, за да се спојам со тебе..и кога ќе се одморам, се враќам свежа, подготвена за комуникација.

Те љубам…искрено ти кажувам кога не се согласувам со тебе. Не сакам премолчани проблеми да станат ѕид меѓу нас.

Те љубам, постојано се барам и се развивам себе си, за да не те окривувам дека мојот живот го трошам само на тебе.

Те љубам..не го префрлувам теретот за мојата среќа врз тебе. Не барам од тебе да ме направиш среќен. И всушност не се обидувам ни тебе да те усреќам. Човековата среќа- тоа е само негово дело.

Те љубам..се трудам ништо за тебе да не правам на сила, за да не се лутам и да не те обвинувам дека ме присилуваш.

Те љубам…строга сум, истрајна и упорна да бидам своја. Ако престанам да бидам своја, нема да можам да бидам со тебе.

Те љубам..често ти зборувам НЕ, за да моето ДА биде потполно и искрено.

Те љубам..цело време се прашувам, што сакам и што ме интересира. За да поделам со тебе радоста на своите откритија и достигнувања.

Те љубам..се обидувам да ја најдам среќата без тебе, за да не ја префрлам врз тебе одговорноста за мојата благосостојба, туку да поделам тоа што имам.

Те љубам..не ветувам дека ќе биде вечно. Но, сега можам да те љубам со сета душа и со целата своја снага.

Те љубам..подготвена сум цел живот да го минам без тебе, ако тоа ти прави добро. Те љубам..се соочувам со својата болка, лутина и страв. Повторно наоѓам храброст да поминам низ сето тоа.

Многу очекувам од себе, а на твојот одговор само се надевам, бидејќи ти- не си јас. Ти си друго. И јас те гледам. Се трудам да те видам што е можно по јасно, одвоено од својата фантазија и илузија. Само затоа што те љубам.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: