Ако не си сигурен уште дека ја сакаш…

Знам дека ја сакаш. Да не ја сакаш нема да бидеш со неа. Здрава, среќна врска, може да се претвори во деструктивна врска, ако кон неа се однесуваш на начин на кој таа не заслужува.

Сепак, се надевам дека ќе се обидеш да ја сакаш правилно. Се надевам дека ќе имаш малку свест за твојата љубов за неа. Се надевам дека знаеш дека свест е она, што еден однос го држи силен.

Сакам да се присетиш како изгледаше кога за прв пат ја виде. Таа беше се’ за што си копнеел. Можеби тоа била нејзината убавина, нејзината дива природа, нејзината смисла за хумор или нејзината самодоверба, всушност во неа си пронашол она, што во друга го нема. А најповеќе  што е комплетна.

Ако ја сакаш, сакај ја на овој начин. Чувај ја нејзината убавина, нејзината потполност. Таа е господар на сопствената судбина, но сакам да сфатиш, колку важна улога играш во нејзиниот живот. Начинот на кој се однесуваш кон неа го одредува начинот на кој таа се доживува себе си- можеш да направиш очите да и’ бидат сјајни а можеш да направиш да се чувствува изгубено.

Таа е скулптура во твоите раце и се надева, дека со неа ќе се однесуваш внимателно. Ако ја сакаш, не ја уништувај. Знај, дека веќе е повредена и не сака повторно да и’ се случи тоа. Ако е со тебе, знај дека го победила стравот и несигурноста. Го тргна на страна своето минато и одлучи, да и’ даде на љубовта уште една шанса. Ти ја даде нејзината довербата – со сето срце.

Немој да ја изневеруваш. Ја повредуваш во моментите, во кои мислиш дека ја познаваш. Таа не е книга која има свој крај. Таа е нешто кое треба да се открие- затоа секој ден кога ќе ја видиш, однесувај се како да ја гледаш за прв пат.

Биди присутен во сегашноста. Ништо не ја уништува повеќе од емоционална отсутност. Можеш да седиш со неа цел ден, а всушност да не си со неа, а сепак можеш да бидеш многу далеку и да бидеш присутен.

Стимулирај ги нејзините мисли, чувства, нејзиното битие. Зарони во нејзината душа, како што би заронил во океан. Знај дека ќе ја скршиш ако некогаш почувствува дека ја требаш, но не ја посакуваш. Ќе го уништиш секој нејзин дел ако сфати дека ја сакаш само кога осаменоста ќе ти се вовлече во коските.

Таа ја бара твојата љубов во секое време, не само кога си преплавен со страв и несигурност. Знам дека твоето страдање од минатото те скршило. Но, немој да ја сакаш само за да можеш да ја носиш во својот емоционален куфер заедно со тебе. Не ја сакај ако сакаш да ја поправиш. Знај дека таа без твое знаење, со време ќе се поправи. Нејзината љубов и постоење, ќе го исцели секое твое делче.

Но, ако си со неа само да ја пополниш празнината во себе, таа ќе го знае тоа- и тоа ќе ја уништи. И запомни, таа не сака да ја поправаш. Можеби, ти го отвори срцето и ти раскажа се’ за своето болно минато. Можеби го знаеш точниот број на делови, на кои се распадна. Но, таа не ти го кажа тоа за да ја поправиш- тоа го кажа за да  да знаеш, што се’ претрпела и како тоа ја обликува во личност каква што е денес.

Не се однесувај кон неа како да е скршена жена. Таа е потполна со сите свои делови, иако тие уште можат да бидат расфрлани насекаде. Да ги прифатиш заедно со неа. Помогни и’ да види поради што поминала низ деструктивни односи во минатото. Помогни и да сфати како ги доживеала лошите работи, за да може да ги почитува оние подобритe кои доаѓаат со тебе.

Ако ја сакаш, сакај ја со сите нејзини мани и несигурности. Таа е несовршена исто како и ти, подготвена да ја подели таа несовршеност со тебе. Сака да ја соголи својата душа пред тебе и да биде потполно она што е.

Таа сака со тебе да биде таква, како што се гледа во огледало, дива и слободна.

Ако не си подготвен да ја прифатиш таква како што е, тоа ќе ја уништи. Ако ја сакаш, подржи ја, бидејќи таа ќе го направи тоа за тебе. Колку труд ќе вложиш, таа ќе ти врати два пати повеќе. Ако и’ ја покажеш месечината, таа ќе ти ја покаже цела галаксија. Ако се однесуваш добро кон неа, таа ќе те сака уште повеќе. Ако ја сакаш вистински, никогаш нема да заборави.

Извор: elephantjournal

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: