Во последно време често размислувам за концептот на љубов кон себе.
Иако мислиме како доволно се сакаме, во некои животни ситуации ќе се појави некој или нешто што ќе ни укаже како својата моќ ја даваме на друг, како не ги слушаме своите чувства, како некој друг ни е поважен од нас самите ( при тоа не мислам на нашите деца) и како сме подготвени да заборавиме кои сме бидејќи се плашиме од непријатни чувства или дека не сме доволно вредни/успешни/ убави/ паметни па глумиме дека сме личности кои ќе им се допаднат на луѓето, околината или на некој посебен.
Често се прашувам од каде да се тргне? Како да се направи прв чекор кон љубовта?
Од некое ќоше на мозокот излегува мисла- првиот чекор нека биде прифаќање на сите свои делови. И оние од кои уште се срамиш или ги сметаш недоволно добри и оние кои длабоко ги криеш а не си но свесна дека тоа го правиш.
Brene Brown кого посебно го почитувам вели: ‘ Кога си сопственик на својата приказна, тогаш можеш да го напишеш и нејзиниот крај’.
Затоа, биди свесен за секој дел од својот живот, секој дел од својата сопственост, секој момент- своето минато и сегашност. И гушни ги сите ранливи делови од себе, повикај ги да излезат од своите темни страни и прифати ги сега такви какви што се- зли, манипулативни, љубоморни, несигурни, арогантни, страшливи, срамежливи, самокритични и подготвени за осуда.
Такви се бидејќи ги скривме од нашите погледи, од нашите љубови и прифаќања кои можат да ги исцелат. Сите делови всушност се делови кои поради мрзливост се одвојуваат од нас самите.
И ако можеби во овој момент ќе помислите: Не можам да ги сакам неубавите мои делови? Кој ќе ме сака таква?- токму во тој момент се обраќате на своето внатрешно дете и му зборувате дека е многу неубаво да се сака. Размислете. Прифатете. Сакајте.
Зошто да не тргнете од таму?
by Рита
Leave a Reply