Го сакам моето тело

Речиси секогаш забораваме колку е драгоцено нашето тело. Забораваме дека нашето тело е совршен механизам кој функционира и без нашата свесна волја. Забораваме дека тоа е под директно влијание на се’ она што мислиме, чувствуваме, изговараме и дека се’ е запишано што ни се случува од денот кога сме родени.

Често не го слушаме, го караме, мразиме, критизираме, се трудаме со храна или работа да го уништиме. А очекуваме секогаш да биде здраво. Но, кога не е здраво повторно не го сакаме. Време е да станеме свесни за нашето тело бидејќи е тоа единствено кое го имаме во животот.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: