Ако не се обидете, никогаш нема да успеете

Животните лекции на Робин Шарма:

– Сите сме тука од одредена причина. Престанете да сте заложници на минатото. Станете архитект на својата иднина.

– Промената е најтешка на почетокот, најкомплицирана на средината и најдобра на крајот.

– Сè е креирано два пати. Прво во нашиот ум, а потоа во реалноста.

– Вашето „можам“ е многу поважно од „коефициентот на интелигенција“ кој го поседувате.

– Не можете никому да помогнете да се чувствува добро поради себеси, се додека вие не го направите тоа за себе.

– Најмалите дела се најдобри и најблагородни во своите намери.

– За сонувачите се верува дека се непрактични. Вистината е дека тие се најпрактични, бидејќи нивните откритија водат до прогрес и подобар живот за секој од нас.

– Доколку за вашиот живот вреди да се размислува, тогаш вреди и да се пишува за него.

– Понекогаш успехот не е поврзан со носење на добра одлука, туку носење на било каква одлука.

– Никогаш не ја занемарувајте моќта на едноставноста.

– Целта на животот е живеење живот со цел.

– Инвестирањето во себеси е најдобрата инвестиција која можете да ја направите. Тоа ќе ви донесе добро не само вам, туку и на оние околу вас.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: