Промената кај човекот е вистинска, одеднаш.
Само приметуваш дека не е како порано. Кога ќе помислам колку години сум поминала во бесмисла, работев она што не ме прави среќна, трпев разни луѓе поради кои ги покривав ушите, кога ми создаваа грижа на совест со уверувања кои не се мои.
И тогаш се случува нешто со човекот. И тој се крши. И знае дека нема да биде исто. Тоа не е знаење кое доаѓа од надвор. Тоа е внатрешен компас. Кога тој ќе се помрдне тогаш не ве снаоѓаат погрешни околности. Тогаш ве води чувството. Па и кога објективно нешто немате, знаете дека го имате; кога во очите на другите губите, чувствувате дека добивате.
Тогаш одбивате да се свиткувате на било што, што не е во согласност со вашето чувство на праведност, макар и кога немате план и алтернатива.
И нема страв и немоќ , бидејќи решението само доаѓа и тоа еден миг од моментот кога сте се сретнале со себе.
Бранкица Дамјановиќ
Leave a Reply