Не се плашам да останам сама

Денес ретко што може да ме повреди. Не затоа што сум многу јака, туку удирањата преку зараснати рани не болат како некогаш.

Денес знам дека луѓето удираат не дека сакаат некого да повредат, туку зато што не знаат да галат. Ако им се одмаздам, тие нема да научат ништо, туку само ако им дадам гушкање.

Денес кога ја знам разликата меѓу самотијата и осаменоста – не се плашам да останам сама.

Кога правам разлика меѓу грешка и грев – полесно простувам. Кога не се плашам од крајот бидејќи во вечност верувам – знам дека таму сите ќе се најдеме.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: