Имај доверба во тоа што доаѓа кон тебе и она, што си оди од тебе

Тоа што вистински го бараш, всушност те бара тебе. Она што вистински не го бараш, ќе си оди брзо.

Движењето во светот не се случува од местото на недостасување на нешто, туку со фокусирање на постигнувањето на тоа нешто, од местото на присутност, лежерност, доверба.

Опушти се, диши длабоко, широко отвори ги рацете кон животот веќе денес. Биди мек, полн со разбирање, дури и ако сомнежите се некаде блиску. Се’ ќе дојде до тебе. Имај доверба во тоа што доаѓа кон тебе и она што си оди од тебе.

Имај доверба во тоа што останува и она што те напушта. Тоа што навистина го бараш, те бара тебе исто така како што го бараш- бидејќи ти бараш само во огледало.

Ја бараш својата присутност а никогаш не си бил одвоен од себе, само си верувал дека си.

Jeff Foster

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: