Значењето на мандалата

Мандалата е еден од најстарите, универзални симболи кои му се познати на човекот. Мандала на санскрит значи круг а можеме да го најдеме насекаде, од палеолитски гравури до средновековни алхемии и тибетански будизам.20181109_145853

На најосновно ниво, мандалите преставуваат целина, единство и склад. Меѓутоа, секоја мандала има единствено значење. Низ цел свет со мандалите се означуваат: од психолошка рамнотежа (Јунговска психологија) и космичкиот ред (таоизам) до религиските уверувања (христијанство) и минливоста на животот (Навајо индијанци). Таткото на аналитичката психологија Карл Јунг, сам ги нацрта мандалите, бидејќи тие претставуваа целовитост на личноста, која е хармонична во колку се’ оди добро. Меѓутоа тумачењето на Јунг за мандалите е само едно од многубројните тумачења.

Во Тибет на пример мандалите се создадени како медитациско помагало за будистичките свештеници кои сами ги осмислиле. Во исламот мандалите служат исклучиво за побожни потреби а во келтскиот паганизам мандалата претставува три света- тело ум и дух.

Без оглед на нивното тумачење, мандалите секогаш и секаде преставуваат нешто свето и мистично. Цртањето на мандалата е длабока медитативна пракса. Не само што го ослободувате својот внатрешен уметник, туку со создавање на сопствена мандала можете да добиете подобар увид во самиот живот. 20181109_145836

Создавањето на своја мандала е убав начин за влез во друга состојба на свеста. При цртањето на мандала се случуваа убаво чувство на пријатност, смиреност, јасност, емоционална стабилност, целовитост, креативност и разбирање.

Мандалите носат посебна врста на вибрациска енергија. Се користи за подобрување на менталното емоционалното, физичкото и духовното здравје.

За изработка на мандала, ќе ви требаат следниве материјали: Парче хартија, молив, маркер и гума за бришење. Пожелно е линијар, компас и аголник за цртање на линии и кругови (или може да цртате со рака). Може и дрвени боици, водени, пастели.

1.Удобно сместете се- пронајдете мирно место каде можете да се опуштите и каде никој не може да ви смета. Прекините во процесот, може да го намали вашиот креативен тек.

2. Создадете цел- со други зборови, која е намерата на цртањето? Сакате само да го искажете вашиот несвесен ум или имате конкретни намери како што е создавање медитациска помош? Можеби сакате креативно да ги искажете чувствата како што е лутината, љубов или благодарност?

3. Нацртајте се’ што ќе ви падне на памет, користете молив кој лесно се брише. Можете да користите шестар, аголомер или линијар или можете слободно со рака да го нацртате својот дизајн.

4. Кај мандалите е важна симетријата, така да може да ви помогне и делење на страницата на два дела. Што и да нацртате на едната страна, нацртајте и на другата. Тоа е навистина рамнотежа.20181109_145918

5. Во колку ова ментално зборување влегува во вашиот ум, застанете го дишењето и пуштете да помине. Кога ќе се споите со вашата креативност, можете да продолжите да цртате. По завршувањето на својата мандала, можеби ќе сакате да ја обоите. Различни бои имаат различно значење па одберете ги оние бои кои резонираат со вашата намера. Овде се некои примери:

Жолта за радост и среќа, портокалева за самосвесност и креативност, црвена за енергија, страст и сила, розева за женственост, љубов и нежност, сива за мистерии и духовност, лилава за увид и интуиција, сина за оздравување и мир, зелена за природа, заземјување и поврзаност, бела за чистота, вистина и свест, црна за моќ. Најважно е вашата мандала да биде емотивна. Не се замарајте дали е права или совршено симетрична. Ние премногу ја користиме нашата аналитичка лева страна на мозокот во секојдневниот живот. Нека вашиот уметнички израз слободно тече. На тој начин ќе можете многу повеќе да уживате во создавање и нема да ви биде извор на перфекционизам и стрес.

Значењето на манделата варира од култура до култура. Евидентно е дека светиот круг е видлив во природата, во сакралната уметност и во духовните ритуали од почетокот на времето. Круговите се секогаш симбол на единство и апелираат на нашето подлабоко разбирање на вистината и радоста.

Извор: Atma

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: