На разочарувањето му претходи некое очекување. Тоа длабоко уверување дека знаеме како нешто изгледа. Таа кршлива сигурност во крајниот исход, лесно се претвора во заплеткано клопче.
Очекувајќи нешто да биде или не биде, често животот го пикаме во четири зида, па гледаме како тече низ пукнатинките, капака по капка, а треба да биде силен, моќен, раскошен, слободен.
Потпирајќи се на искуството, ги стеснуваме можностите, да ги собере во затворена дланка, а со тупаница им се закануваме на оние кои нѐ разочарале: треба да биде поинаку. Но, не е.
Треба да ги тргнеме очекувањата слој по слој, се додека не ја видиме ширината.
И кога погледот би го задржале доволно долго на хоризонтот, ќе разбереме дека зад секое разочарување стои простување.
Тогаш јасно ќе видиме дека разочарувањето не мора да биде извор на болка, туку основа на мудрост, бидејќи да се прости и отпушти, значи да се затвора кругот, му даваме шанса на животот да не’ изненади и израдува.
Не, повеќе нема да носам разочарување толку очигледно, пред сите.
Се одрекувам од терање правдина и тивко низ себе ќе ги пропушатaм старите болки. Не го сакам повеќе, не се согласувам со неа..
Среќата конечно се тркала кон мене и пуштам да ме изгази.
by Рита
Leave a Reply