Во животот добиваш, она што имаш храброст да побараш

 Животот е навистина величенствен во својата исполнетост, со емоции кои сме во можност да ги почувствуваме, среќа која се открива преку ентузијазмот, воодушевувањето, топлината, чувството на спокој, гордост, страв, срам, чувство на вина, тага.

Латинското потекло на зборот емоција всушност значи промена, движење.

Но, што ги држи нашите емоции заедно, односно, што најмногу влијае на нашите чувства? Тоа се секако, нашите мисли и затоа е многу важно, да ги освестиме и да се фокусираме на сегашниот момент.

Кога велиме дека мислите треба да ги освестиме, првенствено се мисли, дека е потребно да бидеме свесни за позитивните и негативните мисли, кои секојдневно влијаат на нашето расположение.

Нашиот ум во секое делче од секундата се занимава со најразлични работи. Доволен е еден поглед на некој предмет, некој предел и тоа кај нас да предизвика бура од емоции.

Дали тој предмет ја има таа моќ да предизвика такви чувства во нас? Секако дека не. Тоа се само нашите мисли. Од нашите мисли зависат многу работи а за тоа не сме ни свесни.

Кога човек ќе научи да владее со своите мисли, значи успеал во својата најважна битка, битката со самиот себе. Затоа често и се вели, ако се победиш самиот себе, ќе го победиш целиот свет.

Прашањето е, што се’ зависи од нас самите, а што од нашите мисли. Пред се’ нашето здравје, нашите здрави мисли, носат и здраво тело, секако од нашите мисли зависат и меѓучовечките односи, нашите љубовни и пријателски врски, работата, семејството, материјалниот просперитет, духовното богаство, интелектуалниот напредок и многу други работи.

Листата е навистина долга, ова се само некои сегменти од нашиот живот кои се во директна врска со нашите мисли. За да ги подобриме сите овие животни полиња,  да оствариме изобилство и просперитет, важно е пред се да се фокусираме на себе.

Колку време ни е потребно за тоа, зависи од нас самите. Наша е одлуката да тргнеме по патот на промената, а кога еднаш ќе зачекорите на таа патека и ќе почувствувате колку доблест ви дава, нема повеќе да посакате ништо помалку, ќе сфатите дека сте вредни за секое добро.

Еден од клучните зборови е промена. И самиот збор емоција со своето латинско потекло, се врзува за промена и движење. Патот до промената е единствениот вистински пат а можеме да го наречеме и пат кон оздравување на душата, патот  кон  наоѓање на своето исконското битие, барањето на себе си, исцелување на душата, јакнење на внатрешното битие, патот на ослободување на вистинската автентичност.

Нашиот внатрешен свет и нашето внатрешно духовно богаство го привлекува и секое друго богатство, всушност, тајната на успехот се наоѓа во нас а нашата должност е секој ден да ја откриваме.

извор: novasvest.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: