Молитва

Господи, дај ми мирно да го примам се’ она што ќе ми донесе денешниов ден, како и потполно да се предадам на твојата света волја.

Управувај со моите мисли и чувства во сите мои дела и зборови. Не дозволувај во сите непредвидливи случаи да заборавам дека се’ доаѓа од ТЕБЕ.

Господи, дај ми сила да го поднесам заморот на денешниот ден, како и се’ она што ќе се случи во текот на денот.

ТИ управувај со мојата волја и научи ме: да се молам, да се надевам, да истрпувам, да проштевам и да љубам.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: