Плачи кога ти се плаче!

Плачи кога ти се плаче! Не се срами и немој да се криеш. Не чекај да стигнеш во својата осаменост дома и не ги голтај солзите поради туѓите погледи.

Не чекај да ти помине. Тоа не проаѓа, само се таложи некаде и ја труе крвта. Плачи! На никој не му е гајле всушност.

И на глас да плачеш, никој нема да ти се смее, никој нема да те жали, бидејќи на сите ни се плаче. Не сега и не овде, но ни се плаче.

Секој жив ја разбира солзата и никој не е појак од неа. Плачи сега, додека ти се плаче, бидејќи ако не отплачеш денес, ќе боледуваш утре. И задутре. И ден потоа. Не е срамота да плачеш пред другите, срамота е ако лажеш дека не ти се плаче. Само плачи. Додека стигнеш таму каде што си тргнала, солзите ќе ти ја разбистрат матната болка. Не се грижи за луѓето, сите во себе носат веќе некои исплакани и идни солзи. Биди јака и плачи. Токму сега. Токму овде. Плачи кога ти се плаче.

Подоцна, ако ги проголташ солзите, ќе откриеш дека со тагата ти е поправена душата. Ќе се удавиш а ќе преживееш.

Не ме прашувај како знам. Биди јака. И плачи.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: