Утре не е гаранција, живејте денес- Киану Ривс

Никој на никого не му се насмевнува. Никој не застанува да и’ се воодушевува на природата…

Секој се грижи само за своите проблеми и трча да исполни што повеќе задачи, како машина.. Кога ќе излезете на улица, погледнете и ќе забележите- секој оди по својот пат и никој со никого не разговара, сите механички одат по улица, со слушалки на ушите, во својот свет во својата музика.

– Ги гледате овие луѓе? Тие брзаат на работа и не обрнуваат внимание на ништо. Понекогаш сме толку посветени на секојдневието, што забораваме да одвоиме време за уживање во убавината на животот. Како да сме зомби.

Свртете се околу себе и извадете ги слушалките од ушите. Кажете му на некој ‘Здраво’, гушнете го некој кој ви изгледа дека страда.

Помогнете му на некој. Морате да го живеете секој ден како да ви е последен.

Она што луѓето не знаат за мене е дека неколку години наназад бев во депресија. На никој не му зборував за тоа. Морав да го најдам патот да излезам од депресијата. Личноста која ме спречуваше да бидам среќен бев ЈАС.

Секој ден е посебен и така треба да се доживее. Утре не е гаранција, живејте денес.

Киану Ривс

 

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: